| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ не донесе одлука: Законот за јазиците ќе се разгледува многу внимателно на маратонски состанок

Состанокот на Централното претседателство на ДУИ се уште трае, но портпаролот на партијата Бујар Османи потврди дека вечерва нема да се донесе никаква одлука. Тој нагласи дека Предлог-законот за употреба на јазиците го анализираат многу внимателно и дека состанокот ќе продолжи утре и во наредните денови.

-Се уште разговараме за предлог законот за предлогот на јазиците. Ова е многу важен закон за нас и столб на преговорите и од тука се оди многу внимателно,член по член, збор по збор за да се најде најоптималното решение кое што ќе затвори една важна тема од Рамковниот договор. Вечерва нема да можеме донесеме одлука, бидејќи тоа е обемен матријал на кој пристапуваме. Инвестиравме многу енергија во  овој закон. Ова ќе биде маратонски состанок кој ќе продолжи и утре – изјави Селмани за Алсат.

Состанокот на централното претседателство на ДУИ доаѓа по вчерашната средба помеѓу Али Ахмети и Зоран Заев за предлогот што СДСМ го достави до ДУИ. Заев спомена дека сите предлози кои биле доставени се во рамки на Уставот и дека тој нема да дозволи негова промена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top