| четврток, 6 декември 2018 |

Стручната комисија за имунизација ги разобличи лагите на СДСМ: Вакцините се транспортираат и се чуваат на температура од 2 до 8 степени

vakcina

Вакцините се биолошки препарати кои согласно препораките на Светската здравствена организација се транспортираат и чуваат на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (потребен студен ланец при транспорт на вакцините).Тоа е потенцирано и во тендерската документација каде од добавувачите задолжително се бара вакцините да бидат транспортирани до здравствените установи на температура од 2 до 8 степени Целзиусови.

Ова се наведува во реакцијата на Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во која ги демантира информациите презентирани во некои медиуми во однос на потребната температура при транспорт и чување на вакцините.

Со години наназад, се посочува во реакцијата, вакцините се транспортираат на оваа температура со задолжителен мерен апарат (логер) за следење на температурата при транспортот.

Исто така и во транспортната листа од производителот за пакетите во кои има спакувано вакцини, меѓу кои и БСГ е точно нотирано да не се замрзнуваат и температурата на чување и транспорт да биде од 2 до 8 степени Целзиусови. Напоменуваме дека станува збор за пратка на вакцини во која освен вакцина за БСГ, се транспуртираат и други вакцини за редовна имунизација на децата, кои се осетливи на смрзнување и задолжително е неопходна температура на транспорт од 2 до 8 степени Целзиусови, стои во реакцијата.

Од Комитетот апелираат стручните аспекти околу вакцините и имунизацијата да се остават на стручните институции, и да не се користат во политички цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top