| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Лажен аларм за терористички напад во училиште

Лажен аларм за терористички напад денеска беше прогласен во училиште во градот Менден, во близина на Дортмунд, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, поради што во училишната зграда беа испратени припадници на специјални полициски сили.

Полицијата добила дојава дека вооружен маж бил виден во училиштето, по што на учениците и наставниците им било наредено да се заклучат во училниците се до завршување на полициската проверка.

Во операцијата покрај специјални полициски екипи, учествувале и хеликоптери, кои ја проверувале околината на училиштето „Хохе Беруфколеџ“.

При преземените мерки за проверка нема повредени лица, објавија локалните власти.

Во еден од низата инциденти во училишта кои во последниве десетинна години се сличија во Германија, во 2009 година во градот Виненден 17-годишен ученик застрела 15 лица. По неколкуте терористички напади извршени од членови и симпатизери на организцијата Исламска држава (ИД) и други радикални групи, во Германија во сила се уште се највисоки можни мерки за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top