Јавните обвинителки уште еднаш покажаа елементарно непочитување на институциите на државата и на судот. Фрапантно и скандалозно однесување на специјалните обвинителки Фатиме Фетаи и Катица Јанева денеска во судот. На расправата и претресот во судот сакаа да направат театар преку постојано прекинување и лични навреди кон судијата и кон судот.
Уште незапочнато судењето, без да им се даде збор, почнаа да го навредуваат судот. Судијата ги казни неколку пати со по две илјади евра, а тие безобразно се пофалија дека ќе плати народот и плаќањето ќе биде од огромниот буџет што се изделува за СЈО, за кој Јанева досега не дала отчет како го троши. Со ова тие практично признаваат дека вршат злоупотреба на државните пари.
Лична казна не може да се плати со народни пари, освен ако државните пари не се злоупотребуваат за приватни цели.
Рочиштето беше презакажано поради немање услови за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.