Музејот на современа уметност Скопје и Фестивалот за современа музика Модоарс најавуваат ексклузивен уметнички настан…
На 28 февруари, вторник со почеток во 20 часот во просториите на Музејот за современа ументост ќе се одржи концерт за пијано на Ема Потевска Попивода со композиции на македонски народни теми напишани од композиторот Димитрије Бужаровски, пo коj ќе следува коктел со вината на винарија Тиквеш и настап на ДЈ Илина Ангел.
Просториите на музејот ќе бидат отворени во 19 часот и гостите ќе имаат можност да ги погледнат најновите поставки во Музејот на современа уметност: Изложбата на основоположниците на македонската современа уметност, „Ничија земја“ – проект со кој Македонија беше претставена на Венециското биенале за архитектура 2016 и изложбата во третата галерија со наслов „Римејк“ каде можат да погледнат ремек дела од светската скулптура кои се во сопственост на Музејот за современа уметност.
Овој art event е вистински подарок за урбаната скопска публика, создаден со цел барем за момент, се одвоиме од секојдневнота монотонија, да понудиме можност за уживање на различен начин, да презентираме нова современа музика, а со тоа и да се доближиме до начинот на живот во светските метрополи каде ваквиот тип на art event е најнов тренд.
Централниот настан на овој уметнички проект е концерт за пијано кој ќе го изведе пијанистката Ема Потевска Попивода.
На програмата ќе се изведат композиции за пијано кои се базирани на македонски народни теми од авторот Димитрије Бужаровски. Познати македонски народни песни се преточени во овие Ноктурна за пијано, преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн. Концертот веќе е изведуван во повеќе градови низ светот Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Гдањск, каде доживува голем успех.
Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Трнушко, Не се бели Маре мори итн…
Распоред на настаните во текот на вечерта:
19-20 часот – отварање на трите галерии во Музејот за современа уметност
20-21 часот – Концерт на Ема Потевска Попивода – пијано со композиции на македонски народни теми
21-23 часот – коктел забава со ДЈ Илина Ангел
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.