Билетите за ди-џејот Мартин Гарикс пуштени се во продажба од денеска (22.02.2017) точно во 09 часот наутро, преку системот Купи Карти За Се, како и преку глобалната мрежа на Eventim во Србија, Хрватска, Бугарија, информираат од „Авалон“. Билетите ќе бидат по следниве цени и категории: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари, ВИП- 1500 денари, УЛТРА ВИП- 2000 денари.
ВИП И УЛТРА ВИП влезниците ќе се продаваат исклучиво преку резервации, на телефонскиот број: 077/945505 (секој ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела), и на следниве email адреси: avalonmkevents@gmail.com и contact@kupikartizase.com
-Иако има само 20 години, Мartin Garrix во моментов не само што е број еден ди-џеј и официјално, туку тој и со години наназад е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17 годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ листи, велат од „Авалон“.
Пред диџеј сетот на Garrix, на фестивалот Skopje Calling 2017 ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.