Полудениот Дејан Крстичиќ (35) од Штрбац ги нападнал двете бебиња близначиња Данило и Немања стари само 40 дена, додека неговата сопруга Ана (27) седела на кревет со децата.
На Данило му зарил нож близу срцето, после што несреќното бебе починало на пат кон грачаничката болница.Неговиот брат близнак Немања е во нишката болница и покрај тешката состојба во која се наоѓа, неговата состојба е стабилна и е надвор од животна опасност.
Според информациите, Дејан прво замавнал кон Данило. Смртоносниот убод бил во срцето, а после со ножот тргнал кон Немања. Ана тогаш веќе скокнала. По нејзиниот врисок дотрчал и братот на Дејан. Пред да успеат да го совладаат Дејан, тој на Немања веќе му забодел нож во вратот и стомакот.
„Искрата“ на незапамтената семејна трагедија во Штрбац во која Крстичиќ ги нападнал своите деца, започнала на трпезариската маса во семејната куќа во понеделник околу 19.30 часот. Во куќата во моментот на трагедијата биле братот и родителите на Дејан.
-Дејан, Ана и децата биле сами во кујната. Дејан седнал да вечера, а Ана со синовите седела на каучот. Дејан ја повикал Ана да вечера со него, но таа одбила и рекла дека не е гладна. Зошто, никој не знае, но нејзиното одбивање го изиритирало Дејан. Скокнал од столицата, од фиоката го извлекол ножот и буквално скокнал до креветот. Без никаков збор, почнал да ги боде децата со нож – изјавил командирот на полицијата Драган Ивановиќ.
Тој додал дека Дејан го совладале Ана и неговиот брат, кој откако му го одзел ножот на Дејан, го соборил на под. Потоа повикал Брза помош и полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца