На средбата не разговаравме за потписите, туку за разликите кои ги имаме со СДСМ, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Тој кажа дека наскоро ќе свика централно претседателство каде ќе се донесе одлука за тоа дали ќе ги дадат потписите на СДСМ за составување на нова Влада.
Ахмети нагласи дека официјална употреба на албанскиот јазик е загарантирана со Уставот, а разликите кои ги имаат со СДСМ не се големи.
На новинарско прашање, Ахмети рече дека разговорите со Заев се одвивале на mакедонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата го бара а тој пие кафе на сред село: Нови детали за убиството во тетовско
-
Сѐ уште нејасни мотивите за убиството
-
Преживеа 22-годишниот Флорим Мисини кој беше ранет во Мала Речица: Лекарите му го спасија животот
-
Чаури, неиспукан куршум и безбол палка на местото на вчерашното пукање во Мала Речица