Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, знае што да јаде и да изгледа одлично. Како изгледа еден нејзин ден низ храна?
Таа обожава кари
Според Керолин Роб, главниот готвач на кралското семејство, принцот Вилијам и Кејт обожаваат да јадат заедно со целото семејство во кујната или трпезаријата, како и секое друго семејство.
Војвотката понекогаш и самата готви, најчесто со кари сос и ужива сама да ги служи своите гости. А, принцот Вилијам, речиси секогаш се шегува на нејзина сметка, тврдејќи дека причината поради која е слаб, е нејзиното готвење.
Се држи до стриктна диета
Пред нејзината свадба, имаше шпекулации дека војвотката ја држи Дукановата диета, која се состои од консумирање многу протеини, а малку јаглехидрати. Ова е диета која и Џенифер Лопез и Жизел Бундшен ја употребиле за да ослабат после бременоста.
Таа не бега од слатките за време на празниците
Кога Кејт и Вилијам заедно со децата одат да го прослават Божиќ во дворецот во Сандрингам, не бегаат од секакви задоволства.
Прво ги очекува обилен појадок, потоа за ручек јадат салата со јастог, полнета печена мисирка и разно разни сосови заедно со печен зеленчук. За вечера ги чека печено ребро со уште 15 до 20 разни јадења.
Се борела против одбивноста да јаде
За време на бременоста со принцот Џорџ таа одбивала да јаде, па морала да оди на хипнотерапија за да си го зголеми апетитот. Здравите оброци кои се состоеле од авокадо, шумско овошје и овесна каша ѝ помогнале да ја добие потребната тежина за здрава бременост.
Не се плаши да експериментира со храната
За време на турнејата низ Канада, таа проба сос од мисо и сенф, прилично необична комбинација.
Остава простор и за десерт
На семејните собири секогаш се служат десерти како овошна торта и пудинг од тофи – еден од омилените десерти на принцовите Хари и Вилијам, а Мидлтон никогаш не избегнува да проба од овие оброци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.