| четврток, 6 декември 2018 |

„Граѓаните“ во комплетна офанзива, ќе понудат 117 милиони евра за Меси!

mesi i gvardiola

Манчестер сити тргна во силна офанзива. Сака по секоја цена да го доведе Лионел Меси од Барселона. „Граѓаните“ веќе подолго време се во потера по аргентинскиот виртуоз, но сите нивни досегашни обиди беа неуспешни.

Сепак се чини дека сега е најпогодното време да се оствари „невозможната мисија“. Англискиот премиерлигаш е подготвен да 117 милиони евра што ќе преставива нов светски рекорд. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола четири години го водеше Меси во тимот на Барселона. Гвардиола сега се обидува повторно да го има Лео во своите редови.

Актуелниот договор на Меси со Барселона е до јуни 2018 година. Каталонскиот гигант веќе една година се обидува да му го продолжи договорот, но Аргентинецот засега одбива да го стави својот потпис. Токму тоа е шанса за Сити, но и останатите европски гиганти, кои би сакале да го добијат петкратниот освојувач на „Златната топка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top