| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан патник се струполил на скопскиот аеродром

Ноќва околу полноќ, во 0.10 часот, на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, со авион на авиокомпанијата „Визер“ од Малме допатувал  И.Б. (53) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол.
По извршена пасошка контрола загубил рамнотежа и удрил на аголот од кабината, при што се самоповредил. Му била укажана лекарска помош од медицинска екипа при ТАВ Македонија, а бидејќи се работи за посериозна повреда била известена екипа од Итна медицинска помош од чијашто страна бил однесен во некоја од скопските клиники во придружба на неговиот внук И.Е. (34) од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top