СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М. (22) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.
На 15 февруари во 11.00 часот, по претходно договорена средба преку социјалната мрежа „Фејсбук“, на ул.„Сутјеска“ во Штип се сретнал со оштетената.
Пријавениот потоа ја качил во своето патничко возило „мерцедес“ и ја однел на тврдината „Исар“ во Штип, каде со употреба на физичка сила извршил полово дејствие над неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.