| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Прекрасно е да ги гледаш Монако како играат, но имаме рецепт за победа

pep gvardiola

Манчестер сити вечерва на „Етихад“ го пречекува Монако во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола на домашен терен го играат првиот осминафинален меч, од кој навивачите очекуваат победа, квалитетна предност пред реваншот, и пласман потоа во следниот круг натпревари.

– Како гледач, прекрасно е да се следи натпревар во кој игра Монако. Навистина сум одушевен од игрите на овој клуб, па дури сум и изненаден колку фудбалерите се моќни и физички и психички. Бековите играат како крила, а крилата како да се офанзивци, а да не зборуваме кои се напаѓачи на овој тим – тие се „убијци“. Севкупно Монако е одличен тим, но мислам дека знаеме како со нив и ќе обезбедиме понатамошен пласман – изјави Пеп.

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Монако кој ќе започне вечерва од 20.45.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top