| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот театар викендов ќе ја одигра „Отело“

Шекспировата драма „Отело“ во изведба на Турскиот театар утре (недела 12 март), со почеток во 20 часот ќе биде прикажана во „Театар Комедија“…

Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а играат актерите од Турскиот театар.

Отело го толкува Џенап Самет, Дездемона ја игра Сузан Акбелге, во улогата на Јаго е Селпин Керим, Касио го игра Осман Али, Емилија ја толкува Зубејде Али и како Родриго се појавува Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајковски, сценографијата е на Татјана Христоска-Блажевска, а костимите на Тања Кларис. Преводот го изработи Оздемир Нутку, а за кунгфу мајсторските потези помогна Влатко Здравковски.

Претставата се изведува на турски јазик со титлови на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top