Нивото на Охридското Езеро е два сантиметрa над дозволениот минимум, а значително е намален водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму нагласуваат дека просечниот водостој за февруари на Црн Дрим е 123 сантиметри, а вчера изнесувал 20 сантимтери. Големо намалување на водостојот има и реката Сатеска каде што вчера биле измерени два сантиметра, а вообичаено за овој период од годината е 16 сантиметри.
Пониски нивоа се иземерени и на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катланово, Крива Река кај Крива Паланка, додека повисоки од просечните се на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.