| четврток, 6 декември 2018 |

Цедевита подобра од градскиот ривал Цибона

Хрватското дерби меѓу Цибона и Цедевита во регионалната АБА лига го добија гостинските кошаркари.

На средбата одиграна во Загреб попладнево, а во рамките од 23.коло, екипата на Цедевита славеше победа над Цибона во неизвесен меч со 89-85.

Ова беше втор натпревар од 23. рунда во АБА лигата, откако првиот се одигра пред седум дена, кога во Скопје, актуелниот шампион Црвена Ѕвезда убедливо го совлада Карпош Соколи со 98-61.

За утре закажан е нов меч, а во него, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ќе гостува кај екипата на ФМП. Натпреварот ќе се игра во вечерниот термин од 20 часот.

Три средби на програмата се во среда и тоа: Морнар – Мега Лекс, Унион Олимпија – Будуќност и Игокеа – Крка.

Колото ќе биде комплетирано дури во петок со средбата Партизан – Задар.

Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 17-6, Будуќност 16-6, Партизан 16-6, Цибона 12-11, Игокеа 10-12, ФМП 9-13, Карпош Соколи 9-14, Олимпија 9-13, Мега Лекс 8-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-14, Морнар 7-15, Крка 7-15 и Задар 7-15.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top