Дани Алвес, еден од најофанзивните десни бекови на денешницата и член на Јувентус, синоќа даде доста интересна изјава поврзана со својот поранешен клуб, Барселона. Бразилецот без влакна на јазикот зборуваше дека каталонскиот клуб има недостаток на почит кон своите фудбалери, додавајќи дека е и вештачки клуб.
– Ако некој не ме сака, веднаш си заминувам. Заминувањето од Барса за мене беше вистински потег. Во текот на последните три сезони како член на тој клуб, секојдневно слушав за моето заминување, а од управата никој не реагираше. Тој клуб е вештачки и има недостаток на почит. Ми понудија договор во времето кога имаа забрана за регистрирање на играчи, јас навистина не ја разбирам нивната политика“, вели Алвес.
33-годишниот бразилски репрезентативец во Барса пристигна од Севилја во 2008 година, од ова лето како слободен фудбалер премина во редовите на италијанскиот шампион, Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.