Конечно е јасно за каква слобода на медиумите зборува СДСМ. СЈО се активира, започна прогонот на медиумите, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги посочи како непријатели. Очигледна е директивата по која работи јавното обвинителство на СДСМ – елиминација на сите замислени непријатели на аболицираниот криминалец Заев.
Специјалното јавно обвинителство денеска влегло во телевизија „Канал 5“. Од таму не откриваат што истражувале и каква документација побарале, бидејќи постапката била тајна, објави „Алсат-М“.
„Плусинфо“ неофицијално дознава дека станува збор за барање за доставување документација, која нема врска со работењето на телевизијата, односно дека таргетот е друг.
СЈО во петокот ја чешлаше документацијата и на „Медиа принт Македонија“, под чија капа се дневните весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.
Специјалното јавно обвинителство во петокот испратило свој тим во „Медиа принт Македонија“ со задача да го провери финансиското работење на издавачката куќа, која е сопственик на пет печатени и еден електронски медиум, објави „Плусинфо“ повикувајќи се на извори од СЈО.
Како што најави „Република“ во почетокот на месецов, СЈО тргна во спектакл повторно да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, за да може да преку медиумите на СДСМ/СОРОС да се намали притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото.
„Зоран Заев беше убеден дека со помош на невладините организации под контрола на Сорос и со помош на чадорот ќе победи на изборите. Веројатно во тоа беа убедени и неговите сателити. Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар. СДСМ загуби на изборите, но Заев доби аболиција од Катица Јанева, која се откажа од случајот „Пуч“. Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите. Сосема е очекувано да почнат да работат амбасадорските линии и црвениот телефон на „Бихаќка“ со нови нарачки кои треба да се одработат од СЈО“- објави „Република“ пред две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.