| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао: По операцијата се чувствував ужасно, сакав да ја завршам кариерата

radamel falkao

Еден од најдобрите напаѓачи во поновата фудбалска историја, Радамел Фалкао, открива дека сериозно размислувал да ја заврши кариерата по тешката повреда во 2014 година, по која скоро осум месеци беше надвор од фудбалските терени.

– Се чувствував ужасно после операцијата. Сериозно размислував да ја завршам кариерата. Но, сепак успеав да ја добијам таа психичка борба и да продолжам да играм фудбал. Среќен сум поради тоа – изјави Фалкао.

По повредата Колумбиецот имаше неуспешна авантура во Премиер лигата, настапувајќи за Манчестер Јунајтед и Челзи, но од кога се врати во Монако е оној стариот „Ел тигре“, кого сме навикнати да го гледаме. Во оваа сезона Фалкао на 27 меча постигна 21 гол за Монако, кој е лидер во францускиот шампионат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top