| четврток, 6 декември 2018 |

На Крит заигра сатарот

Гркинка со сатар во рака ги шокира службениците и граѓаните, упаѓајќи во даночната администрација на островот Крит, пишува весникот „Етнос“.

Жената успеала да влезе во даночната служба во градот Хања без да биде забележана од обезбедувањето и нападнала службеници, но по интервенцијата на полицијата, била приведена.

Кризата ги погоди Грците, кои шеста година по ред се борат со длабоката рецесија и мерките за штедење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top