Со оглед на актуелната ситуација со загаденоста кај нас, добро е да се знае кои се најдобрите растенија што го прочистуваат воздухот во домот. Американската вселенска агенција направи истражување за тоа кои растенија ефективно ги отстрануваат хемикалиите од воздухот, а кои се поврзани со негативни последици по нашето здравје.
Според резултатите, најдобри билки за прочистување на воздухот во домовите се хризантемата и спатифилумот. НАСА исто така препорачува да оставате една билка на секои десет метри квадратни. Иако ова истражување е направено пред 27 години, сепак според многумина се смета за една од најпрецизните студии на сите времиња.
Погледнете го инфографикот, на кој покрај споменатите две билки станува збор и за џуџеста палма, папрат, хлорофитум, аглаонема, дипсис или арека палма, фикус бенџамин, брзо растечки ползавец, антуриум, бршлен, гербер, сансеверија и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
О2 коалиција за чист воздух: Срамота е власта на заштитата на Водно да ѝ дава меѓуетнички контекст
-
Лесно и евтино се садат, носат профит над 2.000 евра!
-
Скопјани масовно денеска на Водно: Сите во потрага по чист воздух (галерија)
-
Од љубопитност засадил стебла од Кина, а со нив ќе обезбеди дрва за огрев за следните 40 години