| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор во Куманово: Го киднапирале, го извлекле во шума и го малтретирале

Вистинска драма се одвивала синоќа во Куманово, кога во 17 часот момче било претепано, киднапирано и малтретирано.

Полицијата информира дека 27-годишниот М.Б. од Куманово пријавил дека истиот ден три лица  извршиле насилство врз него, кога во 12.30 часот истиот отишол кај негов другар. Откако заминал, во близина на Ургентниот центар бил пресретнат од насилниците кои насилно го внеле во такси возило и го однеле во селото Проевце, во блиската шума, физички го нападнале, по што побегнале.

М.Б. настанот го пријавил телефонски во полиција, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Куманово, каде што му била укажана медицинска помош.

 

извор: пинџур.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top