Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика се зголемија за 0,50 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се смени и остана 68,50 ден/лит. За еден денар поскапе Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намали за 0,680 денари и килограм чини 27,845 денари.
Останува да видиме каква ќе биде новата цена на горивата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.