Хрватската музичка ѕвезда Масимо Савиќ вечерва го одржува третиот од предвидени концерти во Скопје.
Неговите почетни успеси се со групата „Доријан Греј“, најпрвин како гитарист, а потоа и како пејач, а потоа почнува солистичката кариера.
Во многубројните телевизиски настапи на македонските медиуми и печатени изданија тој вели дека и ден денес има трема кога настапува. Преполната сала и публиката која заедно со него ги пееше „Лоше вино“, „Не дам грјегу на тебе“, „Кладим се на нас“, „Круг у житу“… уште еднаш ја потврдија неговата способност како и многупати досега да приреди вистинско емотивно шоу, во кое пленува со својата харизма и неповторлив глас. Впрочем тој секогаш го дава најдоброто од себе кога станува збор за неговата музика, затоа што како што и самиот вели сè додека тежнее кон совршенство, секогаш е на добар пат.
фото: Авалон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.