| четврток, 6 декември 2018 |

Силјановска: Гласавме за програми, а не за идни платформи

Универзитетската професорка Гордана Силјановска смета дека она што сега се случува на политичката сцена во Македонија е сосема невообичаено, со постфестум креирани политички платформи да настапите во формирање на влада.

– Очекував партиите кои би биле костур на идната влада да се повикаат на своите програми, бидејќи ние гласавме за програми на изборите, а не за идни платформи. Не дадовме поддршка за да може потоа да смислуваат. Но тоа е македонската реалност – изјави Силјановска.

Силјановска додава дека не знае што ќе се случува понатаму, бидејќи очигледно во македонската политика има многу ирационалност, а сите сме оставени на она што постојано се критикува во годишните извештаи за напредокот на Македонија.

– Тоа е феноменот на партитократија. Повторно сме ние во рацете, не на партиите туку во рацете на партиските елити, да не речам лидери. Се соочуваме со уставен и правен феномен, лидери на четирите политички партии. Тоа е надвор од владеењето на правото – вели Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top