| четврток, 6 декември 2018 |

На СДСМ му е поважен партискиот конгрес од европската иднина на државата

gruevskiКако политичка партија направивме многу обиди да го одоброволиме СДСМ да се избере претседател на комисијата. Предложивме многу луѓе и сите беа одбиени. На крајот прифативме да биде од СДСМ, но да се одлучи со консензус. Го одбија и тоа. Потоа ја прифативме иницијативата на претседателот Иванов за претседателот на МАНУ да биде на чело на таа комисија, го одбија и тоа со некои нелогични образложенија. На крајот сфативме дека во оваа партија им е многу поважно што и како ќе се случува околу конгресот и Бранко Црвенковски, односно многу поважен им е Бранко Црвенковски отколку Република Македонија, изјави премиерот Груевски.

Груевски апелира до СДСМ да се изнајде решение за комисијата за настаните од 24 декември, повикувајќи ги тие да дадат предлог, за кој ќе се одлучи со консензус, а сѐ за доброто на Република Македонија. Нерешавањето на прашањето со комисијата, како што се зборува на состаноците во Брисел, е дискутабилно за натамошните чекори на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top