Њу Орлеанс започна да ја слави кошарката со првиот ден од викендот на сите ѕведи. „Тимот на светот“ и „Тимот на САД“ го одиграа дуелот со кој беше означен стартот на тридневните натпревари.
Американците загубија од странците со 150-141 во мел со голем број на поени и практично без одбрани. Србинот Никола Јокиќ со 12 поени, 11 скокови и 8 асистенции одигра одличен натпревар, а МВП наградата му припадна на Џамал Мари, кој натпреварот го заврши со 36 поени и 11 асистенции.
Френк Камински од Шарлот со 33 поени беше прво име во поразениот состав на млади американски ѕвезди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.