| четврток, 6 декември 2018 |

Милан со кинески сопственици од 3 март, Берлускони заминува во историјата

berluskoni

Купопродажбата на доминантниот дел на акциите во Милан ќе биде комплетирана на 3 март, а со неа Силвио Берлускони ќе добие далеку помалку пари од она што првиот човек на „росонерите“ го најавуваше досега. Весникот „Газета дело спорт“ открива дека во Хонг Конг изминатата седмица дошло до состанок меѓу Берлускони и конзорциумот „ Europe Sports’ од Кина, при што биле договорени и последните детали од трансакцијата.

Серијата слаби резултати придонесе Милан повторно да се оддалечи од битка за место во ЛШ, што се одрази и врз цената на акциите. Според „Газета“, поранешниот италијански премиер ќе заработи 320 милиони евра, сума речиси двојно пониска од 600-те милиони евра што Берлускони ги бараше на стартот од преговорите.

Официјализацијата на договорот се очекува да се случи на 3 март, со што новите газди би имале неколку месеци за да се адаптираат и да се подготват за претстојниот преоден рок, за кој најавуваат инвестиција од 100 милиони евра за ангажман на некоолку квалитетни засилувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top