| четврток, 6 декември 2018 |

Млеко – да или не?

Во последно време многу гласно се размислува дали кравјото, овчото, па и козјото млеко му е потребно на човекот. Многумина мислат дека човекот е единственото живо суштество кое пое млеко по цицањето, и исто така единственот суштество кое пие туѓо млеко. Од друга страна, истражувањата велат дека тоа е важно за мускулите. Нутриционистите тврдат дека млекото и млечните производи помагаат за дебелеење, но белиот пијалак и понатаму им е омилен на милиони семејства и тоа не е без причина.

Еве и неколку интересни факти за млекото:

1. Млекото е единствениот пијалак (освен водата), која е препорачан од диетолозите како безбеден за консумирање помеѓу оброците. Тоа содржи калциум и други позитивни материи за забите, кои го помагаат нивниот раст и здравјето. Освен тоа е многу добро средство за хидратација, бидејќи содржи голем процент вода.

2. Тинејџерите треба задолжително да консумираат млеко! Нивното тело се развива до крајот на пубертетот и малку потоа, затоа потрошувачката на млеко и млечни производи е витална за формирањето на добра коскена структура (поради присуството на калциум). Докажано е дека луѓето кои пијат млеко, ги апсорбираат подобро и останатите корисни состојки од храната.

3. Млекото може да содржи различни стапки масленост, а првично најмногу распространета била таа од 4%. Во последните години покрај манијата за слабеење и здрава исхрана, започна и намалувањето на овие стапки, кои може да достигнат до 0,1%.

4. Со времето прилично голем број тврдења докажале дека луѓето кои консумираат млеко и млечни производи, се послаби од другите. Истражувања покажуваат дека прифатено во диетален режим на исхрана, млекото може да го помогне намалувањето на тежината, особено во долниот дел на стомакот.

5. Исхраната која содржи овошје, зеленчук и нискомаслени млечни производи (богати со магнезиум, калциум и калиум) помага за намалување на крвниот притисок во организмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top