Влезот на Хрватска во ЕУ ќе влијае трговскиот режим со Македонија, односно ќе влијае на досегашната либерализирана размена во земјоделството и во прехранбената индустрија.
Според Васко Ристовски од Здружението за земјоделство и за прехранбена индустрија при ССМ, се размислува да останат правилата за тргување според договорите на ЦЕФТА, барем извесен период од зачленувањето на Хрватска во ЕУ, бидејќи постои желба за соработка со земјите од ЦЕФТА.
Вкупната размена на Македонија и на Хрватска лани изнесуваше 93 милиони евра од кои во агросекторот 41,2 милиони. Македонија извезува вино, тутун, овошје, а увезува месо, млеко, нивни преработки, пченица, брашно.
И покрај кризата, размената во рамки на ЦЕФТА е намалена за само 0,7 проценти и лани достигнала 8,1 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Србија и БиХ ќе ги бојкотираат состаноците на ЦЕФТА во Приштина поради зголемувањето на увозните давачки
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)


