| четврток, 6 декември 2018 |

Лустрирани Батанџиовски и Тоциновски

Комисијата лустрација ги објави досиејата на Трајко Батанџиовски и Васил Тоциновски, како соработници на Службата за јавна безбедност и Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Тоциновски,  работел за СДБ додека бил помлад соработник во Институтот за фоклор на Македонија, под псведоним За оваа тајна задача, СДБ го нарекла “Гогољ”. Пред да биде дерегистриран од соработничката мрежа на СДБ, според Решението, “Гогољ” бил ангажиран за следење, документирање и попречување на активностите на оние лица кои биле интересни за СДБ потади македонски национализам и сепаратизам.

Батанџиовски, инаку од СДБ наречен „Виктор“ кој бил претседател на Управниот одбор на битолската клиника „Д-р. Трифун Пановски“ за СДБ ги следел македонските студенти во Варна, Бугарија. Лустраторите, откриле дека “Виктор” бил дел од тајните акции „Пирин“, „Витоша“, и „Прослави“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top