Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот Нант.
Десниот бек, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција, потпиша двегодишен договор со учесникот во Лигата на шампионите и на истек од договорот со Барселона се реши за нов предизвик.
Лазаров имаше понуда за едногодишен договор со Барселона, но условите кои ги понуди Нант беа подобри и затоа Лазаров се одлучи за нов предизвик. Тој заминува од Каталонија по четири сезони преполни со успеси, а до крајот на оваа сезона се бори за сите трофеи со славниот каталонски клуб.
Нант со Лазаров го започнува проектот во кој ќе се обиде да им се доближи на ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Нашиот ракометар официјално ќе биде претставен по завршувањето на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Кире Лазаров „парла“ француски како да е роден парижанец (видео)
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји