| четврток, 6 декември 2018 |

Германските навивачи не го забораваат, Саша Ќириќ ги пречека фановите на Шалке и Нирнберг

navivaci germanija

Саша Ќириќ остави голем белег во Нирнберг и во Бундеслигата, а фановите тоа не го забораваат. Навивачи на германските прволигаши Нирнберг и Шалке, кои се збратимени, го посетија спортскиот директор на македонската фудбалска репрезентација во неговото кафуле „29“ во Аеродром. Тие синоќа беа на стадионот „Тумба“ во Солун и го бодреа Шалке 04 во мечот против ПАОК во Лигата на Европа.

– Старите пријателства се негуваат и надградуваат. Денеска бев пријатно изненаден со посетата на фановите на Нирнберг и на Шалке 04, кои ми дојдоа на гости – вели Саша Ќириќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top