Пејачката Рада Маноjлoвиќ e позната како некој кој постојано доцни, но овојпат претерала.
Не само што ја чекало момчето, Харис Берковиќ, туку ја чекал и директорот Саша Поповиќ. Радмила на снимањето на емисијата „Гранд Специјал“ дошла со 2,5 часа задоцнување.
-Сите добро знаат дека Рада поради обврските и настапите од кои доаѓа право во емисија, доцни, но овојапт претерала. И Харис и Саша навикнале да ја чекаат, но кога поминале два часа сите станале нервозни. Во студиото биле и Стоја, Чедо Чворак и Илда. Никој не можел да верува дека ја нема – раскажал извор кој се затекнал на лице место.
-Ја барале неколку пати, а таа ги уверувала дека доаѓа. На крај Поповиќ целосно пукнал бидејќи веќе не знаел што да прави, па барал од камерманите, организаторите и режијата да се вклучат и да ја почнат емисијата без неа – објаснува изворот.
Тој истакнува дека Рада во последен момент втрчала во емисија.
-Само што Саша почнал да ги најавува гостите, Рада стигнала и втрчала во студио. Седнала брзо и немало време за правдање или расправа – истакнува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.