Рада Манојловиќ на прославата во новогодишната програма ТВ ДМ САТ кај Драгана Мирковиќ во Пожаревац облекла долг фустан, а на снимањето на ТВ Пинк дошла во пантолони и сако.
– Морав да се закопчам до грло, Харис ми забрани кратки фустанчиња додека тој не е тука. Јас сум добра и се придржувам (низ смеа). Мада и во ова ми е навистина пријатно и лежерно, а воедно е и секси, рече фолкерката.
За разлика од Берковиќ, таа нему не му поставила никакви забрани. Харис на крај од ноември отиде на голема турнеа во Америка, а Рада останала во Србија. Таа вели дека секојдневно се слушаат и гледаат преку „Skype“ и дека апсолутно си веруваат еден на друг. Секако, згодна пејачка позната по своето провокативно облекување, вели дека тој го сака тоа но само во негова близина. А бидејќи не е, нема више толку кратки фустачиња. Во тоа се уверивме на неколку снимања во последно време на кои Манојловиќ се појавила закопчана на грло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.