Епизодата наречена „СДСМ формира влада“ полека се претвора во напорна турска серија. Циркусантот Зоран Заев, кој пред две години најави дека со „бомбите“ што ги поседува ќе ја урнел владата на Груевски за три дена, сега порача дека за два дена ќе обезбеди поддршка од албанските партии за да формира влада. Не знам по која единица мера го определува времето Заев, дали по неговите омилени „литри во секунда“ или „во метри кубни на час“, но нешто друго ми се гледа многу позагрижувачко – неговата навика да тресе од ракав рокови и да дава лажни изјави и ветувања е наметната како партиска стратегија на СДСМ. Уште пострашно е тоа што оваа партија во моментот во раководството има група бескичмени патолошки лажговци кои заедно со нивните надворешни пријатели во борбата за заобиколување на волјата на граѓаните место да го запрат лудилото на нивниот лидер, тие најдрско ги манипулираат и Македонците и Албанците на штета за државата и на националните интереси.
Тајниот пакет на Заев, во кој е содржана понудата за формирање влада, испратен до ДУИ по кој знае кој пат, јасно покажува дека овој човек не знае ништо друго освен да лаже и да се коцка на туѓа сметка. Некој ќе рече – ама сѐ уште не се знае што содржи пакетот! Да, точно, но и покрај тоа што сѐ уште не знаеме што содржат тие 72 страници (ако е точна информацијата објавена во медиумите), врз основа на тоа што досега (не) беше јавно соопштено, можеме да заклучиме дека Заев си дава за право САМ во име на целиот македонски народ да донесува одлука за прифаќање платформа која го доведува во опасност опстанокот на државата и на македонскиот народ! Независно од тоа дали Заев целосно или делумно ја прифатил платформата на Албанците, без разлика дали со една или со две раце потпишал официјализирање на албанскиот јазик, врз основа на изјавите на неговите сопартијци и коалициски партнери, може да се заклучи дека овој човек без ничија консултација донел одлука која може да нанесе несогледливи последици по целата држава. Дали во тоа бил принуден од чадорите или не, воопшто не е важно. Тој е личноста која еден ден ќе мора да одговара за предавство.
А, предавството на Заев беше очекувано од 455.000 македонски граѓани кои навреме ја составија сликата од сценариото на чадорот. За жал, имаше уште 350.000 Македонци што веруваа дека Заев, и покрај сите негови циркусантски потези, има капацитет да им донесе промени. Колку повидливи стануваат промените, толку поддржувачите на Заев стануваат поразочарани. И со право.
Дилемата е само дали овие Македонци сега ќе излезат на улица и гласно ќе побараат одговорност од човекот кому му дадоа доверба или само ќе ги покријат лицата во знак на срам како што сторија во 2004 година, а цената ќе ја платиме заедно сите Македонци, онака братски?
Со оглед на тоа дека организатори на уличните демонстрации беа Соросовите организации и платеници, не очекувам дека истите ќе излезат на улица да протестираат и да фрлаат со кондоми во боја врз зградата на СДСМ. Точен одговор на ова прашање може да се добие само со нови избори. Тогаш, ќе видиме колку од овие 350.000 Македонци ќе го поддржат концептот за „нов живот“ на „спасителот“ во иста форма и облик како што му беше испратен на Али Ахмети во Мала Речица. Ако во такви околности Заев освои мнозинство, тогаш може да кажеме дека има легитимитет да нуди целосна двојазичност, промена на име, знаме, химна, да договара ослободување обвинети терористи, да нуди федерализации и менување на Уставот… Сѐ до тогаш Заев само си прави бајрам на паметот дека има моќ да преговара за националните интереси на македонскиот народ.
А, дека црпнатиот одлепил од реалноста потврдува не само големиот револт за неговите постапки кај гласачкото тело на СДСМ, туку и во самото членство и меѓу коалиционите партнери. Сѐ поголем број поддржувачи на опозицијата бараат од Заев да престане со матните игри и јавно го предупредуваат да не ни помислува да ја прифати албанската платформа.
Додека јавноста се прашува кој му дава право на Заев да глуми бог и да решава за судбината на Македонците, за името, јазикот, знамето, химната… Соросовите платеници се исмеваат со иницијативата за македонска платформа чијашто цел би била заштита на македонските национални интереси! Всушност, затоа и се платени од нивниот газда Џорџ. Доларите би секнале за миг ако кој било од нив се дрзне да застане во одбрана на народот и нацијата, наспроти концептот на „отворено општество“ кое пропагира обезличени држави со марионетски влади контролирани од „богот“ Сорос.
Сепак, Сорос ги нема тие пари, а неговите медиуми ја немаат таа моќ да го амортизираат гневот на Македонците кон Зоран Заев и неговата предавничка тајфа. Тој е свесен дека за да ја состави толку посакуваната влада, ќе мора јавно да признае дека измамил 350.000 Македонци. Одговорот се крие во писмото во кое го моли Ахмети да му ги даде потребните потписи за мандат. Кога јавноста ќе дознае колку тешко предавство извршил, следното прашање ќе биде колку време ќе му биде потребно на народот да му ја испорача казната!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.