Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го усвои новиот оперативен план за активни програми и мерки за вработување преку кој ќе се креираат најмалку 5.000 нови вработувања, притоа несметајќи го ефектот од вработувањата кои што доаѓаат преку мерката „Македонија вработува 2“, со кој потенцијалот е околу 10.000 нови работни места, напиша на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„За спроведување на оперативниот план кој опфаќа широк спектар на можности, како што се програмата за самовработување, обуките, грантовите, поддршката за брзорастечките компании, нови работни места во микро и макро претпријатијата, практикантството и низа други инструменти ќе се инвестираат 14,2 милиони евра“, напиша Груевски.
Сите невработени лица кои се евидентирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа имаат пристап до услугите и програмите, односно мерките за вработување. Дополнително, со овој оперативен план, со сите инструменти ќе бидат опфатени 15.000 невработени кои се млади лица на возраст до 29 години. Овој оперативен план нуди и помош и поддршка на малите и средните претпријатија за проширување на своите капацитети и ниво на надградување.
„Во изминатиот период, односно од 2007 до 2016 година, беше доста успешно спроведувањето на годишните оперативни планови при што повеќе од 100.000 невработени лица земаа учество, а од нив 43.400 се вработија и сеуште се во работен однос.
Донесувањето и спроведувањето на овој оперативен план е уште една обврска од нашата изборна програма која ние ја исполнуваме. Нашата обврска е да креираме нови можности, нови работни места и се додека ВМРО-ДПМНЕ ја има одговорноста пред граѓаните тоа ќе продолжиме да го правиме трудејќи се и борејќи се се до последниот атом од силата за подобра иднина на секој граѓанин. Ние продолжуваме напред. Ние продолжуваме да работиме за сите граѓани на Република Македонија“, напиша Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


