За македонските винарски возби 2016 година беше добра година за извозот. Тој бил поголем за 30 проценти од 2015 година. Македонското вино особено се пиело во земјите од Европската унија, каде што виното на точење се продало за повеќе од 55 проценти од лани, а поголема била и продажбата на виното во шишиња.
Во 2016 година извозот на македонското вино во шишиња бил поголем за седум, а за шест проценти поголема била и заработката од продажбата на виното од претходната 2015 година.
Најмногу се продало вино на точење, и тоа двојно повеќе литри само во земјите-членки на Европската унија, со што во 2016 година вкупно вино било извезено повеќе за речиси 30 насто.
Лошата вест е што и покрај зголемувањето на продажбата лани имало и значителен тренд на намалување на цените на светскиот пазар на вино. И тоа не поради квалитетот, туку поради поголемата понуда.
За среќа, истовремено лани имало и зголемување на извозот на трпезно грозје иако минимално, од еден процент, но сепак тенденција што трае неколку години по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас!
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка