| четврток, 6 декември 2018 |

Французите не се откажуваат: Нант сè уште чека одговор од Лазаров

Челниците на францускиот ракометен прволигаш Нант се уште го чекаат одговорот од страна на капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров. Претседателот на клубот Гаел Пелетие во изјава за „Беин спортс” искажа оптимизам дека ќе успее да го ангажира најдобриот стрелец од последното Светско првнство и дека се уште го чека одговорто на понудата од стран на македонскиот бомбардер.
„Оптимисти сме дека Лазаров ќе го избере Нант, мина време од последниот пат кога разговаравме. Навлеговме во ситни детали од договорот и организацијата на клубот, затоа и сме оптимисти дека тој многу сериозно ја разгледува нашата понуда. Апсолутно го разбираме, тој се наоѓа во фаза од кариерата кога никако не сака да направи погрешен избор на клуб. Јас лично имам впечаток дека ништо не може да го блокира овој трансфер, но меѓу прогресот во преговорите и конкретизацијата..” – истакна Пелетие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top