| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Кога се работи, резултатите се неминовни, второ признание за економските политики

-Кога се работи, резулатите се неминовни. По вторпат неделава Македонија добива признание за економските политики кои ги спроведува – прво од Европската комисија, а денеска и од престижниот извештај на фондацијата Херитиџ и Волстрит џурнал, кои ја рангираат на 31 место од 186 земји во светот – напиша денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на својата Фејсбук страница, а по повод скокот на земјава на листата на Индексот на економски слободи. Според него со најновото рангирање, Македонија станува лидер во регионот според Индексот на економски слободи.

nikola

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top