| четврток, 6 декември 2018 |

Божиновски: Најпаметно решение е да се организираат нови избори

Најпаметно решение е да се договорат партиите и да се организираат нови избори, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

Според него, на овој начин не би се трошеле дополнителни средства од буџетот и парламентарните избори би се спровеле заедно со локалните, на пролет.

-Мислам дека тоа е единственото решение кое ќе придонесе да се намалат тензиите, а по изборите новата Влада да може да се посвети на решавање на актуелните политички прашања, како што е исполнување на она што беше договорено во изминатите две години, изјави Божиновски.

Додаде дека доколку во Македонија се спроведат нови избори статистички е невозможно да се повтори истиот резултат.

-Многу ќе биде појасно, сигурен сум дека резултатот во мандати нема да биде 51 -49. И кај Албанците победникот ќе биде појасен, па полесно ќе се формира новата Влада. Не говорам дека на Македонија и се потребни нови избори зашто јас мислам дека така треба да биде, туку тоа го покажува и распоредот на мандати во Собранието, заклучи Божиновски.

Аналитичарот додава дека кој и да собере потписи, ќе направи нестабилна Влада.

-Не може да се очекува со таква Влада да се случи посериозна промена, или Владата да има подолг рок на траење. Дискутабилно е дали би опстоила во таков состав 1 или 2 години, 4 би било сосема невозможно, смета Божиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top