| четврток, 6 декември 2018 |

„Металика“ најави нова турнеја

Турнејата, во чии рамки „Металика“ ќе има 25 настапи, ќе почне со концерт во американскиот град Балтимор на 10 мај, а ќе завршува во канадскиот град Едмонтнон на 16 август…

Американската хеви метал група „Металика“ објави дека на 10 мај ги почнува своите тримесечни концертни настапи во САД и Канада, што ќе биде прва турнеја на бендот по 2009 година.

На турнејата ќе биде промовиран десеттиот студиски албум на „Металика“ „Hardvired… to Self-Destruct“, кој од излегувањето во ноември досега е продаден во два милини примероци. Тој е прв студиски албум на бендот од 2008 година, што е најдолга пауза меѓу двата студиски албуми во историјата на „Металика“.

За секој купен билет на турнејата, обожвателите ќе добијат и примерок од новиот албум. „Металика“ на турнејата најчесто ќе ја придружуваат американскиот бенд „Авенџед Севенфолд“ и данскиот „Волбит“, а во август ќе им се придружи и француската група „Гожира“.

Тапанарот на „Металика“, Ларс Улрих уште лани во август за магазинот „Ролингстон“ ја најави можноста за турнеја, велејќи дека е време „прописно да се размрда Америка“.

– Ќе биде забавно во овие луди и конфузни времиња на поделби да се види како сите се собираат, како ги оставаат на страна различностите и уживаат во музиката. Ние сме многу возбудени поради враќањето, рече Улрих.

„Металика“ во неделата вечерта настапи на доделувањето на наградите Греми, каде Лејди Гага ја пееше песната „Moth into flame“ од нивниот нов албум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top