Од земја до земја валутите се разликуваат колку и културите и јазиците. Но, сте се прашале ли некогаш како ги добилеимињата и зошто денарот се вика токму денар?
Едно етимолошко истражување неодамна спроведено на Оксфорд го објаснува потеклото на најзастапените светски валути.
1. Динар / денар
Многу национални валути го носат името динар – српската, кувајтската, јорданската, алжирската…
Зборот динар доаќа директно од латинскиот „denarius“, кој означува сребрени парички што се користеле во Римското Царство.
2. Долар
Доларот е најзастпената валута во светот. Се корсти во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и во други земји.
Според Оксфорд, името доаѓа од фламанскиот збор „joachimsthal“, кој се однесува на долината на Јоаким богата со сребрена руда. Паричките што се ковале од руда од оваа долина се викале „joachimsthaler“ или скратено „thaler“. Со текот на времето, како што се развивал јазикот „taler“ станал „долар“.
3. Пезос
„Peso“ на шпански значи тежина.
4. Лира
Називот на поранешната италијанска и сегашна турска валута потекнува од латинскиот збор „libra“, кој означува фунта, единица за маса.
5. Марка
Пред еврото Германија и Финска користеа марка, чиешто име, исто така, влее потекло од мерна единица.
6. Ријал
Латинскиот збор „regalis“ значи „кралски“ и од него потекнува името ријал. Денеска можете да пазарите со ријали во Оман, Иран, Катар, Саудиска Арабија и Јемен, а некогаш и во Шпанија.
7. Кинескиот јуан, јапонскиот јен и корејскиот вон
Сите три валути потекнуваат од кинескиот симбил „圓“, кој означува округла паричка.
8. Круна
Скандинавските земји користат валута, која се нарекува круна. Името го добила од латинската „korona“ што означува круна.
9. Рубља
Руската рубља го добила името од глаголот „рубить“ што значи „отсече, пресече“, зашто се сметала за стотинка од гривна.
10. Рупи
Индиската и пакистанска валута го добила името по зборот рупија, кој на санскрт значи сребро.
11. Фунта
И британската фунта ги влече корените од латинскиот, од зборот „poundus“, што значи тежина.
12. Форинта
Унгарците плаќаат со форинта, чијшто назив која потекнува од италијанскиот збор „florino“ или златна паричка од Фиренца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.