| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку населби утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Балзакова“, „Невена Георгиева – Дуња“, „Дренак“ и „367“ во општина Кисела Вода утре од 8.30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Стрезова“ и СОУ „Лазар Танев“ во општина Карпош, од 10 до 12 часот дел од корисниците од булеварот „12 Македонска бригада“ и од ТЦ Лисиче во општина Аеродром, а од 9 до 11:30 часот и дел од корисниците од село Волково кај обиколницата.

Од 12 до 14 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улиците „Георги Димитров“, „Тодор Паница“ и „Вера Јоциќ“ во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на ЕВН Македонија а.д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top