Реал Мадрид забележа лесна победа во осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи (3-1). И покрај негативата по голот на Инсиње и грешката на голманот Навас, „кралевите“ возвратија со три гола преку Крос, Касемиро и Бензема.
Дефанзивецот и капитен на Реал, Серхио Рамос по натпреварот не заборави на да го спомне поразот на лутиот ривал Барселона ден порано.
– Нема да кажам дека не сум среќен кога губи Барселона. Не ми е убаво да ги гледам моите пријатели како се мачат, но не кријам дека сакам тие да не победуваат. Тој натпревар значи дека секоја екипа ќе плати за секој слаб одигран меч. ПСЖ беше на нивото во сите 90 минути, со висок пресинг кој им успеваше во поголемиот дел од дуелот – изјави Серхио Рамос.
Омразата помеѓу овие два клуба никогаш не била тајна, а оваа изјава на лидерот на „кралскиот“ клуб само ја потврдува големата желба да се стигне подалеку од својот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.