| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна состојба во Нов Зеланд поради пожар

Вонредна состојба денеска е прогласена во градот Крајстчерч, Нов Зеланд, откако пожар ги уништи домовите во предградието на градот и принуди стотици луѓе да се евакуираат.

Армијата е повикана да помогне во гаснење на пожарот во квартот Порт Хилс во јужниот дел на Крајстчерч, каде огнот уништи најмалку 11 куќи и принуди повеќе од 1.000 луѓе да ги напуштат домовите.

Еден пожарникар загина откако се урна хеликоптер што учествуваше во гаснење на пожарот

Пожарот се раширил во текот на ноќта и зафати над 1.800 хектари.

Новозеладнскиот премиер Бил Инглиш го откажа сите ангажмани и пристигна во Крајстчрч. Инглиш истакна дека може да помине цела недела додека да биде изгаснат пожарот, но дека засега не се шири.

Тој посочи дека причината за пожарот се уште не е јасна и дека властите го истражуваат случајот.

– Огнот пламнал истовремено на две места, поради што имаме одредени сомневања, нагласи Инглиш.

Во Нов Зеланд се прогнозираат силни ветрови, поради што може да се разгорат пламените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top