Катица Јанева е новиот Петре Шилегов. Со последната скандалозна изјава дадена во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје се промовираше во најверен поданик на аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој лаже и клевети, давајќи политички изјави и квалификации. Катица Јанева е срам за правната фела. Веќе нема дилеми дека таа не работи по закон, непристрасно и професионално. Катица Јанева е продолжена рака на СДСМ.
Катица Јанева нема никаков професионален интегритет и кредибилитет. Затоа поддршката што ја има не оди подалеку од Бихаќка и од штабовите на СДСМ. Ако Катица Јанева навистина гонеше криминал, нејзиниот наредбодател Зоран Заев одамна ќе беше во затвор. Катица Јанева има нарачка и цел да го оцрни и ослаби ВМРО ДПМНЕ, како партија која секогаш застанувала на браникот на државните и национални интереси. Истата цел ја имале многумина пред неа и не успеале. Нема да успее ниту Катица Јанева, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Катица Јанева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева