Германецот Нико Розберг е победник во шестата трка од Формула 1, за Големата награда на Монако.
Пилотот на Мерцедес до својата втора победа во кариерата стигна благодарение на остварената пол-позиција, но и сигурното возење во текот на целата трка, која поради бројните инциденти двапати беше прекинувана и неколкупати рестартирана со сигурносното возило.
На подиумот во Монте Карло се искачија и возачите на Ред Бул, Себастијан Фетел, кој заврши како втор, и Марк Вебер, кој беше третопласиран.
Во генералниот поредок води Фетел со 107 бода, пред Кими Раиконен кој има 84 и Фернандо Алонсо 78.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.