| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 2,600 евра од Бет сити во Гостивар

bet city

Вчера околу 23 часот две маскирани лица ја ограбиле спортската обложилница „Бет сити балкан“.

Маскираните разбојници, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле во обложилницата. Вооружениот разбојник со пиштолот им се заканил на двајцата вработени кажувајќи им да станат, по што вториот од пултот на вработените одзел картонска кутија во која имало 160.000 денари.

По кражбата разбојниците избегале, а полицијата трага по нив.

Обложилниците „Бет сити“ се постојана мета на разбојници. Ова е десети грабеж врз нив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top