| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши средбата на ДУИ и Алијансата, бараат целосна реализација на платформата

По два часа разговори заврши средбата на потпретседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците. Од двете страни не сакаа да дадат никакви инфромации дали навистина се разговарало за документот на Заев, единствено кажаа дека разговарале за платформата.

– Имавме средба на работните групи во духот на платформата. Исто така, можам да кажам дека имавме конструктивна средба, разговаравме за точките за кои мислевме дека се многу битни, рече Теута Арифи од ДУИ.

И Арбен Таравари од Алијансата за Албанците потврди дека имале конструктивна средба.

– За нас е битно да се реализираат сите точки од платформата, без разлика кој ќе ја предводи Владата, рече Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top